X
 09.04.2019 Наука

Научници можат да направат светлината да патува 30 пати побрзо

Научници на Универзитетот на Централна Флорида велат дека сфатиле како да направат светлосниот пулс да патува 30 пати побрзо од вообичаено.

- Можеме да ја контролираме брзината на пулсот преку влегување во самиот пулс и преку реорганизирање на енергијата. Среќни сме со овие резултати и се надеваме дека ова е почетната точка на идните истражувања - истакна истражувачот Ајман Абуради.

Ова би можело да предизвика револуција во оптичката комуникација.

Абуради и неговите колеги ги објавија резултатите во „Нејчр комјуникејшнс“, каде што опишаа користење на направа наречена спацијален светлосен модулатор за да ги измамат светлосните вибрации да патуваат побрзо или побавно од вообичаено или, пак, да се враќаат назад.

Во 2006 година истражувачите изведоа сличен подвиг каде што светлината патуваше низ оптички фибер. Сега, според истражувачите, тие можат да го изведат истиот трик на отворено.

- Ова е првата јасна демонстрација на контрола на брзината на светлосната вибрација во слободен простор и отвора врати за многу примени, но најважно е што може да се направи на едноставен начин, може да се повтори и е веродостојна - истакна Абуради.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука