X
 09.08.2023 Забава

Патничка ги купила сите кикиритки на авионски лет поради страв од алергиска реакција

На лет од Диселдорф до Лондон, една 27-годишна патничка ги купила сите пакувања со кикиритки поради страв од смрт.

Леа Вилијамс била на службен пат и во Диселдорф стигнала од Лондон. Бидејќи е алергична на кикиритки, при доаѓањето во Диселдорф, таа ги убедила членовите на екипажот да не продаваат кикиритки. Меѓутоа, при враќањето, тоа не ѝ одело лесно.

За да спречи некој да купи кикиритки, таа ги купила сите пакетчиња кои биле достапни на летот. Дури и мирисот на кикиритки предизвикува алергиска реакција кај Вилијамс, па затоа таа се плашела за нејзиното здравје.

Купените кикиритки ја чинеле 168 евра, повеќе од авионската карта.

Според некои експерти, стравот на Вилијамс малку е претеран бидејќи директен контакт со кожата би довел до локална иритација кај лицето со алергија, а мирисот не би влијаел.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава