X
 09.11.2021 Живот

Американско катче отворено на Економскиот факултет при УКИМ

Американско катче (American corner) беше отворено вчера на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка меѓу Амбасадата на САД и УКИМ.

Американското катче претставува центар за јавно информирање и активности и има цел да ги подобри заемното разбирање и контактите помеѓу граѓаните на двете држави.

Основна цел е, како што беше речено на отворањето, да претставува ресурсен центар за студентите, наставниците од УКИМ и пошироко. На свеченоста беше потпишан и Меморандум за работа на катчето од страна на амбасадорка на САД, Кејт Мари Брнз, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, и проф. д-р Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот