X
 10.08.2023 Економија

По „Нетфликс“, и „Дизни+“ најави крај за споделувањето лозинки

Платформата „Дизни +“ планира да му стави крај на споделувањето лозинки откако „Нетфликс“ го направи истото порано годинава.

Главниот извршен директор на компанијата „Волт Дизни“, Боб Ајгер, откри дека се размислува за начини на кои ќе се намали споделувањето на лозинки од страна на корисниците. Ова сега е приоритет за компанијата, според него.

- Навистина мислиме дека тука има можност да си помогнеме да го растеме бизнисот - изјавил Ајгер, додавајќи дека значаен број на корисници ги споделуваат своите лозинки.

Компанијата „Волт Дизни“ се вреднува на речиси 160 милијарди долари.

Промените за спречување на споделување на лозинки треба да стапат на сила наредната година или во 2025 година.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: The Walt Disney Company
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија