X
 12.07.2021 Образование

Бесплатно студирање на драмски уметности на „Јејл“ благодарение на донација

Американскиот универзитет „Јејл“ е познат по својот драмски факултет, кој има алумни како Мерил Стрип и Лупита Нјонго. Секоја година на факултетот се примаат само 200 студенти. Но, за некои цената на студирањето на овој приватен универзитет е превисока, без разлика на нивниот талент.



Но отсега, студирањето на овој факултет ќе биде бесплатно благодарение на донација од американскиот бизнис-магнат и продуцент Дејвид Гефен. Тој работел со многу ѕвезди, меѓу кои и Елтон Џон и „Нирвана“, а бил продуцент и на филмот „Битлцус“. Тој е познат по својата филантропија, особено во областа на медицинските и уметничките факултети.



Гефен му донирал 150 милиони долари на „Јејл“, поради што драмскиот факултет ќе го носи неговото име. Со донацијата ќе се укинат трошоците за студирање за сите моментални и идни студенти почнувајќи од следната академска година.

Извор: My Modern Met
Фото: Драмски факултет на „Јејл“/Wikimedia Commons, John Phelan
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование