X
 12.09.2018 Култура

Ревија на македонски филмови во киното Синеплекс

Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“, ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември во киното Cineplexx. Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001-ва до 2018та година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години. Оваа ревија е прва од ваков карактер на репертоарот на киното Cineplexx и цената на билетот за секоја проекција ќе изнесува 100 денари.

Како дел од репертоарот, скопската публика ќе може повторно, или за прв пат да ги види големите филмови како Прашина, Мајки, До Балчак, Исцелител, Година на Мајмунот, Трето Полувреме и други. Целосната програма може да ја најдете на веб страната на Cineplexx

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура