X
 13.01.2023 Наука

Конечно е откриена тајната зошто луѓето сакаат чоколадо

Според ново истражување, привлечноста на чоколадото се сведува на тоа како ги „подмачкува“ нашите јазици.

При јадењето чоколадо тоа се менува од цврста во мазна емулзија.

Многу луѓе сметаат дека овој физички процес е неодолив, а сега британските експерти открија зошто. Ова откритие објаснува зошто нашите омилени слатки се толку примамливи.

Британците се едни од најголемите зависници од чоколадо во светот бидејќи во текот на животот јадат по 1,5 тон чоколадо. Тоа е повеќе од 7.000 коцки чоколадо и над 13.500 евра.

Додека чоколадото е во нашата уста, пријатно чувство доаѓа од начинот на кој се „подмачкува“, без разлика дали се должи на состојките, плунката или комбинацијата од двете.

- Науката за подмачкување дава механички увид во тоа како храната всушност ја чувствуваме во устата - вели коавторката на студијата, професорката Анвеша Саркар од Универзитетот во Лидс.

- Можете да го искористите тоа знаење за да дизајнирате храна со подобар вкус, текстура или здравствени придобивки - додава таа.

чоколадо
Фото: Freepik

Маснотиите играат клучна улога речиси веднаш кога ќе дојдат во контакт со јазикот. Потоа се ослободуваат цврстите честички од зрната какао. Тие стануваат важни во однос на тактилната сензација. Маснотијата подлабоко во внатрешноста има поограничена улога. Затоа, може да се намали без да влијае врз нашето искуство со чоколадото, рече професорката Саркар.

- Ако чоколадото има 5 отсто маснотии или 50 отсто маснотии, сепак ќе ви надојде плунка во устата. Но, локацијата на маснотиите во составот на чоколадото е важна во секоја фаза на „подмачкување“, а тоа ретко е истражувано. Покажуваме дека масниот слој мора да биде на надворешниот слој на чоколадото, тоа е најважното, а потоа ефективно премачкување на честичките какао со маснотии - вели Саркар.

Професорката додаде дека со разбирањето на физичките механизми што се случуваат додека луѓето јадат чоколадо, ќе може да се развие следна генерација на чоколадо што ќе нуди чувство и сензација на високомасно чоколадо, но сепак ќе биде поздрав избор.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука