X
 14.02.2024 Живот

Ана Манасиева победи на изборот за најдобро украсена студентска соба и си го подигна ваучерот

Ана Манасиева од Делчево победи на изборот за најдобро украсена студентска соба, кој Факултети.мк го организира трета година по ред.

Ана студира на ФИНКИ и е втора година. Денеска таа дојде да си го подигне ваучерот од 5.000 денари и ни раскажа дека во украсувањето на собата ѝ помогнале и нејзините три цимерки.

- Сакам да ја изразам мојата креативност, особено на празници. Дел од украсите ги изработивме со цимерките, а дел ги купивме. Колачињата сами ги направивме – вели Ана.



Погледнете ја најдобро украсената соба за годинава:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот