X
 14.06.2023 Живот

Нова атрактивна понуда во мобилната припејд-телефонија на А1

Гига забава со А1 припејд - Неверојатни 100 GB мобилен интернет за само 299 денари

A1 Македонија со задоволство најавува уште една атрактивна понуда во мобилната припејд-телефонија со уште повеќе мобилен интернет со која корисниците добиваат можност за супер забава ова лето, многу гигабајти и уште поголема можност за нови и возбудливи доживувања.

Новите припејд-корисници со активирање на СИМ-картичка за 299 денари добиваат вклучени 100 GB интернет, или со активирање на А1 Duo пакетот за 399 денари со две СИМ-картички, секоја со вклучени 100 GB интернет. Вклучениот интернет може да го користат во првите 2 недели од активирањето на СИМ-картичките.

Постојните А1 припејд-корисници имаат можност да го активираат новиот месечен пакет со 100 GB интернет за само 299 ден. преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС-порака на бројот 1410 со текст 100 GB. Пакетот со 100 GB интернет ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку СМС-порака.

Дополнително, новите A1 припејд-корисници добиваат можност за неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата како и 50 денари кредит што можат да го користат според своите потреби.

По истекот на бесплатниот период, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 100 GB интернет за 299 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во контакт-центар на 077 1234.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот