X
 14.11.2018 Култура

Пронајден древен град во Грција

Грчкото министерство за култура соопшти дека археолози ги пронашле првите остатоци од изгубениот древен град Тенеа. Во тој град, според преданијата, биле сместени тројански воени заробеници по заземањето на Троја од древните Хелени.

Ископувањата спроведени во септември и во почетокот на октомври, на полуостровот Пелопонез, како што известуваат надлежните, посочуваат докази за постоењето на древниот град што досега беше познат само од древни записи.

Главниот археолог Елена Корка изјави дека се откриени ѕидови, рамки на врати, подови и домашна керамика, која датира од 4 век пред Христа, па до доцната римска епоха. Пронајдени се и некрополи (гробници).

Археолошките ископувања продолжуваат.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура