X
 19.02.2015 Култура

Добредојдовте на Земјата во 2200 година

Најлошите ефекти на климатските промени поминаа а сега на Земјата има само 500 милиони луѓе. Како преживуваат? Линда Марса пишува од иднината.


„Погледнувам од прозорецот на мојот мал стан на 300-от кат, херметички заштитен и обиколен со стотици такви домови како мојот. Гледам во колиби со убави дворови, зелени терени за голф, базени за пливање и мултимилионерските вили во Малибу и Палос Вердес. Овие слики евоцираат чувство на носталгија од Лос Анџелес кој повеќе не постои, од времето кога моите прапрабаба и прапрадедо биле родени, кога раѓањето не било регулирано строго и милијарди луѓе слободно пешачеле на Земјата.

Сега има само 500 милиони од нас откако трансформациите предизвикани од климатските промени страшно ја намалија плодноста на планетата. Повеќето од нас сега живеат во таканаречените „спасувачки бродови“ далеку на северот, во местата каде некогашните Канада, Кина, Русија и Скандинавија биле полни градови во кои живееле милиони.

Она што го „гледам“ од мојот прозорец е илузија, виртуелна имитација на еден свет кој постоел порано, создадена од импулси од мојот мозок. Она што можам да го видам со очите е остаток од цивилизирано општество искршено на парчиња.

Пред сеизмичките експлозии, луѓето можеле да дишат нефилтриран воздух, да пешачат во шума или да ги гледаат децата како играат надвор. Денес, незаштитеното земјиште е забрането. Таму дуваат ветрови со огромна брзина, има невремиња, смртоносни цунамиња кои уништуваат се' од пустините до некогашен САД. Кога времето е помирно, температурата се искачува на неподносливи температури.

Нашата политика се промени, исто така. Религиите кои доминираа низ историјата во места како Средниот исток, Африка, јужна Европа, па дури и САД, се артефакт од минатото, најмногу поради тоа што тие делови од светот повеќе не постојат. Кина и Русија се соочија со климатските промени најдобро бидејќи навреме ги затворија границите за очајните мигранти, чувајќи ја водата и храната и принудени ги преселија милионите жители.“

Ова лесно може да стане реалност доколку продолжиме вака.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура