X
 15.04.2015 Здравје

Пронајдени два протеини кои можат да го потиснат ракот

Тим на израелски истражувачи од „Technion“ открија два протеини кои можат да го потиснат ракот и да го контролираат растењето и развојот на клетките.

 

рак


Истражувањето беше спроведено во лабораторијата на Проф.Арон Сичеановер, израелски добитник на Нобеловата награда за хемија, и преедводено од Д-р Јелена Кравцова-Ивансив. Тимот вклучил и студенти кои истражувале како и лекари од Рамбам, Кармел и Хадасах медицинските центри.

Во труд објавен во списанието „Cell“, истражувачите покажуваат како протеините може да потиснат канцерогени ткива и како висока концентрација на протеинот наречен КРС1 и уште еден наречен р50 во ткивото, може да се заштити од канцероген тумор.

Истражувањето исто така детално го прикажува процесот на убиквитин - систе на клетки одговорен за рушењето на оштетените протеини кои можат да им наштетат на клетките и ткивата ко-откриени од Сичеановер, нешто за кое тој добил Нобелова награда.

Истражувањето било направено врз човечки тумор израснат во лабораториски глувци.

Сичеановер вели дека потребни се уште многу години истражување за да се утврди истражувањето и да се добие цврсто разбирање на механизмите позади потиснувањето на туморот. Развојот на лекот врз основа на ова откритие е можност, иако не може да се каже со сигурност, а патот до ваквиот лек е долг и далеку од едноставен.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје