X
 16.04.2015 Технологија

Класичната игра "Змијa" сега е достапна и за паметните телефони

Покрај фактот дека во тоа време оваа игра беше единствена на располагање, играта беше навистина забавна и заразна.

 

zmija


Она што ја прави играта „Змија“ толку неверојатна е нејзината едноставноста; се` што ви беше потребно е монохроматски телефон, неколку пиксели и рудиментарни контроли кои се извршуваа преку притискање на копчињата од телефонот.

„Змија“ не претставува револуционерна игра; таа е класична игра која веројатно сте ја играле милиони пати. Но, она што ја одделува од останатите игри е чувството на носталгија, монотоните звуци  и времето во кое сме ја играле.

Доколку сакате повторно да ја играте, можете да ја инсталирате на вашиот паметен телефон под името  „Snake 97“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија