X
 04.06.2015 Технологија

Студентите потврдија! Acer Iconia A1-840 е најпродаваниот таблет во изминатиов период

Голем дел од ваучерите се веќе доделени. Ваучерите се доделуваат на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.



Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера при посетата во „Сетек“ изјави дека по дополнителната проверка се поделени дополнителни 296 ваучери за студентите. Со овие нови 296 ваучери бројката на доделени ваучери изнесува 5.079. Голем дел од студентите веќе го одбраа и купија својот таблет, останатите имаат шанса до 25 јуни.

Разговаравме со неколку студенти кои ги пречекавме во салонот на СЕТЕК во ТЦ Соравија и ги прашавме за тоа кој е најпопуларниот избор за нив?

- Се одлучив за Acer Iconia A1-840 поради дизајнот, но и квалитетот. Камерата од 5MP е повеќе од доволна за моите потреби, изјави еден студент кој се одлучи за овој таблет.

- Од сите понуди кои ги разгледував го одбрав Acer Iconia и мислам дека не згрешив во изборот, се надоврза друг студент.

Истото ни го потврди и главиот менаџер на продажба во СЕТЕК кој ни изјави дека е задоволен од тоа како се одвива продажбата.

- Од повеќето предлози кои „Сетек“ ги понуди за студентите, Acer Iconia A1-840 се покажа како најдобар и најпопуларен избор на студентите. Можам слободно да кажам дека над 80 проценти од искористеноста на ваучерите во СЕТЕК му припадна на овој таблет. Одличниот дизајн, осум-инчниот дисплеј со мултитаскинг функција, одличната брзина за Wi-Fi конекција и брзиот прелистувач кој поддржува HTML5 се некои од карактеристиките кои го издвојуваат овој таблет од останатите, ни изјави Веко Темов главниот менаџер на продажба во СЕТЕК.

Сите понуди од СЕТЕК можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија