X
 08.04.2015 Образование

Кои студенти можат да се пријават за ваучер?



Министерството за информатичко општество и администрација денеска објави НОВО СООПШТЕНИЕ за проектот за доделување на вредносните бонови (ваучери) за таблети во кое додадени се нови услови и продолжен е рокот за пријавување за три дена, крајниот рок за пријавување е 28.04.2015. 

За ваучери (бонови) за таблети можат да аплицираат:

Редовните студенти на високообразовните установи во Република Македонија кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои до 15 ноември 2014 година, за прв пат запишале трета и четврта година на прв циклус на студии, и
Студентите евидентирани како лица со посебни потреби запишани најдоцна до 15 ноември во било која година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Република Македонија, а кои се од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход.


Заинтересираните студенти до студентската служба на матичниот факултет треба да достават:

1. Пополнето Барање за стекнување со вредносен бон – ваучер (се подигнува на студентската служба на матичниот факултет или на веб страната на МИОА www.mioа.gov.mk/vaucheri) ;

2. Фотокопија на Уверение за државјанство на студентот (без оглед на староста) ;

3. Доказ дека се лица со посебни потреби (каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби) за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби ;

4. Фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените за студентите кои се со еден родител или без родители и/или

5. Фотокопија од Извод од матичната книга на венчани за студентите кои засновале брак и оформиле семејство.

6. Студентската служба на матичниот факултет примените барања за стекнување со вредносен бон–ваучер со приложените докази ги обработува електронски со внесување на податоците од барањето во електронски формат и во рок од три дена од завршување на рокот за аплицирање на студентите утврден во огласот што го објавува Министерството за информатичко општество и администрација, ги доставува до Министерството за образование и наука во електронска и хартиена форма кон кои приложуваат:

7. Потврда за редовен студент запишан за прв пат во трета година (односно со заверен V семестар за прв пат) или четврта година (односно со заверен VII семестар за прв пат) на прв циклус на студии на високо образовните установи во Република Македонија во учебната 2014/2015 година, најдоцна до 15 ноември 2014 година (за редовните студенти); и/или

8. Потврда дека се студенти во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во Република Македонија запишани до 15 ноември 2014 година (студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби).

9. Вредносните бонови - ваучери ќе бидат за еднократна употреба и ќе се употребат како учество за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура.


Студентите можат да аплицираат најдоцна до 28 Април 2015 година
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование