X
 03.06.2015 Образование

Министерот за информатичко општество го посети "Сетек", каде беа подигнати најмногу таблети

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, го посети „Сетек“ во ТЦ „Соравија“ по повод доделувањето на ваучерите за таблети со тастатура на студентите. „Сетек“ беше најпопуларното место за искористување на ваучерите од страна на студентите, односно дури една третина од студентите ги подигнале своите таблети токму во оваа компанија.


Министерот извести и за доделување на дополнителни ваучери за студенти.

- Денеска, комисијата ќе доделу дополнителни 296 ваучери за студентите по дополнителната проверка што ја направивме, изјави Ивановски.

Со овие нови 296 ваучери бројката на доделени ваучери изнесува 5.079.

- Од она што може да го видиме, околу 3.200 студенти до денес ги имаат подигнато ваучерите, што значи дека околу 1.900 сè уште ги немаат подигнато, па би апелирал до нив што е можно побрзо да ги подигнат ваучерите од самите факултети и со тоа да ги искористат за подигнување таблети со тастатура до 25 јуни, додаде тој.

Во „Сетек“ беше присутен и сопственикот на компанијата.

- Овој проект претставува огромна поддршка како за студентите, така и за ИТ-компаниите како „Сетек“. Досега, повеќе од 1.000 студенти го искористија правото на ваучер и купија таблет во вредност од 8.000 денари, изјави тој.

Кога станува збор за самите таблети, студентите најчесто купуваат уреди до 8.000 денари, а најпопуларен избор е Acer Iconia A1-840.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование