X
 06.07.2015 Образование

Повеќе од 50% од приговорите за екстерното тестирање се неосновани

Државниот испитен центар информира дека јунската сесија од екстерното тестирање заврши со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето.

Во  јунската сесија беа поднесени 2855 приговори, односно приговарано е на само 0,7% од тестовите. Прифатени се 17,09%, делумно прифатени  се 26,34% од приговорите, а повеќе од 50% од приговорите се неосновани. Мал дел од приговорите (околу 40) се однесуваат на нецелосно процесирани резултати и тие се уште се разрешуваат во комуникација со училиштата. А забележително е поголем бројот на поднесени приговори од ученици на кои им е потребен еден поен за премин во наредна оценка без основа за приговор.

Најголем број од приговорите се поднесени за предметите: математика, македонски, информатика и биологија. Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат корегирани или избришани од базата на прашања.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование