X
 13.08.2015 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува... Од понеделник пад на температурите



Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, додека пак во западните и крајните источни предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индексот 7.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 7.

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните и часови услови за врнежи од дожд ќе има во југозападните, јужните и југоисточните предели. Максималните температури од 27 до 38 степени. Во сабота и недела претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 26 до 38 степени.

Во понеделник осетен пад на температурата. Ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималните дневни температури до 22 односно до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот