X
 19.08.2015 Технологија

Новите карактеристики на "Google photos" кои треба да ги знаете

„Google photos“ од неодамна започна да нуди нови и помошни алатки. Следуваат најдобрите.


Автоматско зачувување на фотографиите и видеата

Апликацијата може да ја преземете на мобилен уред или на компјутер, а може да подесите и можност за автоматско зачувување на податоците.

Барање фотографии по она што го има на нив

Новата функција на „Google“ овозможува пребарување фотографии по она што го има на нив со специјалната технологија за препознавање која отсега само ќе се подобрува.

Создавање „гифови“

Сега може да направите повеќе последователни фотографии и од нив да направите „гиф“.

Интерактивен времеплов

Кој не сака добар анимиран времеплов? Особено кога на времепловот ги има вашите омилени фотографски и видео спомени.


Панорами

Подобрената можност за правење панорами овозможува комбинација на повеќе слики во една панорамска фотографија.

Без граници за чување

„Google photos“ сега овозможува прикачување бесконечни податоци бесплатно.


Уредувач на фотографии

Новиот софтвер за уредување на фотографиите е одличен. Со него може да се прават споредби на оригиналната и поправената фотографија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија