X
 21.08.2015 Живот

Период на нестабилно време, од понеделник стабилизација на времето



Денес ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и со дополнителен пад на температурите. Слично време не` очекува и утре. Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 20 односно до 30 степени.

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени.

Во понеделник се очекува претежно сончево и потопло време. Иако утринските температури се` уште ќе бидат ниски и ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот