X
 09.09.2015 Образование

АИЕСЕК ја започнува регрутацијата на членство 2015

UNLEASH THE HERO WITHIN И ПРИКЛУЧИ СЕ ВО АИЕСЕК!
Официјално започнува регрутацијата на членство 2015
 
АИЕСЕК е најголемата интернационална студентска организација која веќе 63 години развива млади лидери и во Македонија, а воедно е распространета и во други 130 земји во светот. Целта на АИЕСЕК е да им овозможи на младите да ги развијат своите лидерски способности.

Веруваме дека младите можат да бидат херои на нашето општество само доколку го ослободат херојот во себе .

Ние во АИЕСЕК НЕ веруваме во стереотипите дека тешко се успева, дека конкуренцијата ќе те прегази, дека работа на студентот е само да учи. Ние веруваме во проактивна младина и пат кој сами ќе си го изгазиме со пред се позитивен став.


Затоа, приклучи се!
Приклучи се кон 100 000 студенти кои секојдневно го менуваат светот. 100 000 студенти кои ги развиваат своите вештини во областа на: маркетинг, продажба, човечки ресурси, проект менаџмент, бизнис администрација, информациони технологии, студенти кои организираат конференции и учествуваат на истите, кои се дел од мрежа на интерационални лидери. 100 000 студенти кои веруваат дека иднината зависи од нив, па решиваат да ја направат онаква каква што сакаат да ја видат, општество во кое сакаат да живеат.

Ние во АИЕСЕК, создаваме херои од 1953.
А ти можеш да бидеш следниот!
Регрутацијата за нови членови е во тек!

Посетете ја нашата веб страна http://aiesec.org.mk/ , кликнете на копчето "join us" и пополнете ја апликацијата!

За повеќе информации следете не на социјалните мрежи.

АИЕСЕК Македонија

АИЕСЕК Скопје

АИЕСЕК Прилеп

АИЕСЕК Штип

АИЕСЕК Тетово



Или пак посетете не на штандовите кои ќе бидат поставени на факултетите во горенаведените градови како и во нивните локални канцеларии.

Пријавувањето трае до 22ри септември.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование