X
 16.09.2015 Образование

Листа на најдобрите универзитети во светот

Велика Британија заедно со Америка ги имаат најдобрите универзитети во светот, вели светскиот ранг водич „QS TopUniversities“.

 

УК


Четири од топ 10 и` припаѓаат на Британија, во споредба со пет од Америка, додека швајцарската институција дебитира качува качувајќи се за три места, во споредба со минатата година кога се најде на деветтото место.

Масачусетс Институтот за технологија (МИТ) четврта година со ред го зазеде првото место, додека Харвард се искачи за две места и дојде на второ место. Универзитетот во Кембриџ во Велика Британија го освои првото место како врвна институција во државата.

И покрај намалувањето на бројот на универзитетите за разлика од минатата година, Велика Британија се`уште има силно присуство во првите десет со Оксфорд, Универзитетскиот колеџ во Лондон и Кралскиот колеџ во Лондон како најдобри високообразовни институции во земјата.

Најдобрите универзитети во светот

 

ук


„QS TopUniversities“ го опишуваат како МИТ дојде на врвот на табелата во 2012 година и остана тука уште од тогаш.

Швајцарскиот федерален институт за технологија од Цирих влезе во првите дест за прв пат оваа година, додека швајцарскиот политехничкиот федерален институт се најде на 14-то место, од 11-то место на кое се наоѓаше минатата година. Исто така, силен напредок се гледа од двата водечки сингапурски институции.

Сè на сè, од вкупно 82 земји застапени на листата оваа година, најзастапени на листата се Америка (154), Британија (71), Германија (43) и Франција (41). Јапонија има 83 универзитети, Австралија 33, Кина 30, Канада и Италија 26, Бразил 22 и Русија 21.

„QSUniversities“ вели дека нивната главна цел во составувањето на листата е да им помогне на студентите да направат споредба помеѓу водечките универзитети низ целиот свет. Врз основа на шест индикатори за нивните перформанси, ранговите се дизајнирани за да се проценат универзитетите во четири области: истражување, учење, вработување и интернационализација.

Додека МИТ го задржа своето место, остатокот од првите десет претрпи реконструкација, главно поради новиот метод за оценување преземен од „QSUniversities“ оваа година. Тие велат дека промените беа неопходни бидејќи е важно да се препознае достигнувањето во областа на природните науки, кадешто просечната стапка е многу повисока од целокупната норма.

Што се однесува до нашиот регион, најдобро рангирани се Националниот технички универзитет - Атина (376), Универзитетот Аристотел - Солун (461) и Универзитетот на Љубљана (661), Универзитетите на Загреб и Белград се наоѓаат на 701 место, Македонија ја нема на листата.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование