17.02.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот на наредната недела?

Денес е петок, 17 февруари 2017 година, 48-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:22, а ќе зајде во 17:13 часот. Денот ќе трае 10 часа и 51 минути.

И ова утро во Македонија имаме претежно ведро и свежо утро со утрински температури кои се над повеќегодишните просечни вредности.

МАКЕДОНИЈА – Денес по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со дневни температури кои се далеку над просекот за овој период од годината. Појава на локална облачност се очекува во крајните западни предели. Ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер. Минималните температури од -7 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 15 степени. Воздушниот притисок ќе биде во опаѓање и ќе има вредност околу 1026 хектопаскали

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота во утринските и петпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која што во северозападните, северните и североисточните предели ќе услови слаби врнежи од дожд, а над 1500 метри слаби врнежи од снег. Температури од 6 до 13 степени. Врнежите од дожд во текот на ноќта кон недела како и во недела ќе се прошират насекаде во Македонија, а во недела дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени. Во недела над 1200 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Од понеделник повторно стабилизација на времето, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и температури од 5 до 12 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло со дневни температури од 8 до 15 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот