X
 28.12.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме до крајот на 2015-та?



Во понеделник магловито утро, особено по котлните долж повардарието каде се очекува и намалена видливост. Маглата ќе се заржи во поголем дел од денот и таму ќе биде најстудено. Во останатите предели ќе се задржи сончево и топло време. Слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.

Во Скопје во понеделник магловито утро. Маглата ќе се задржи во поголем дел од денот, а услови за појава на сончеви периоди се очекуваат во попладневните часови. Слаб северен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

По котлините магловито, а во останатите предели претежно сончево и топло време се очекува во вторник. Дневните температури од 7 до 18 степени. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и постудено со пад на температурите.

Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и студено, со осетен пад на температурите. Во четврток утринските од -9 до -1, а дневните од -2 до 6 степени, додека во петок ќе биде постудено со утрински од -11 до -3 степени, додека пак максиамлните ќе достигнат до -4 односно до 3 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот