X
 09.01.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?



Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -4 до 4 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максимланата дневна до 10 степени.

Во Македонија во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло, во западните предели со врнежи од дожд и дневни температури од 5 до 15 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди со максимални температури од 6 до 16 степени. Во вторник и среда се очекува продор на влажна воздушна маса која ќе услови локални врнежи од дожд. Во вторник дневните температури од 7 до 17 степени, а во среда ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 5 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот