X
 15.03.2022 Живот

Факултети.мк - најдобар сајт за образование, наука и култура за 2021

Факултети.мк е победник во категоријата најдобар сајт за образование, наука и култура за 2021 година, на манифестацијата „Сајт на годината 2021“.

 Во изборот организиран од страна на „Media Solutions, оваа година веб-страниците од македонскиот интернет-простор беа поделени во 22 категории, а за нив гласаа 9.219 интернет-посетители и корисници. Новитет за оваа година се четири нови категории, и тоа: најпопуларен јутјубер/стример, најпопуларен онлајн/хибриден настан, најпопуларна е-атлета и најдобра автоматизирана алатка/чет бот.



Факултети.мк го освои второто место во категоријата најдобар сајт за вести и информации, додека севкупен победник и добитник на титулата сајт на годината за 2021 е сајт од банкарскиот сектор, односно новиот редизајниран веб-сајт на Комерцијална банка.

Инаку, ова е 12. година по ред како се одржува изборот „Сајт на годината“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот