X
 15.12.2015 Култура

Fakulteti.mk најдобар сајт за образование, наука и култура


Ова беше година важна за образованието во земјава. Бенефити за студентите, нови закони, образовни програми, студентски тела, настани... Во поглед на светот - нови стипендии, пракси, младински размени, подобри услови за студирање, искуства од наши студенти во странство...

На сето ова и на многу повеќе теми работеше тимот на „Факултети.мк“ и оваа година. А, нашиот труд се исплатеше повторно и вчера се претстави во облик на награда за најдобар сајт на годината во категоријата: Образование, наука и култура.

Манифестацијата за доделувањето на наградите се одржа вчера во Македонска опера и балет. „Факултети.мк“ ја зема наградата во оваа категорија втора година по ред, откако три последователни години беше наградувана за најдобар сајт од страна на публиката.

Од нас во иднина очекувајте многу повеќе теми, анкети, вести и активности во областа на образованието, науката и културата.

Ви благодариме што сè уште сте со нас!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура