X
 15.05.2023 Живот

Ја поправил дупката на улицата, па добил казна од над 800 евра

Пензионер од Италија сакал да направи нешто добро за сите, но се чини дека згрешил.

Имено, 72-годишниот Клаудио Трента од Барласина, во близина на Монца, одлучил сам да ја поправи дупката и поради тоа, верувале или не, бил казнен со 882 евра.

Трента ја споделил својата бизарна приказна на социјалните мрежи, по што ја пренеле многу италијански медиуми.

Италијанецот пред некое време формирал група на „Фејсбук“ наречена „Се случува во Барласина и неговата околина“, со цел луѓето да го контактираат и да пријавуваат можни проблеми, бидејќи страницата е посветена на комунални и други проблеми од таа област.

Трента покажал и известување за казна од над 800 евра, која се намалува на 622 евра доколку биде платена во рок од 5 дена. Во известувањето пишува дека го прекршил Законот за патишта, бидејќи самоиницијативно извршил санација на дупка на патот, на раскрсницата на улиците Монте Санто и Трст.

Се наведува дека Клаудио е должен да го врати патот во првобитната состојба, што практично значи дека треба да отвори дупка. Но, Италијанецот вели дека нема намера да ја плати казната.

- Претходно ги имав известено локалните власти дека има проблем на патот, но кога видов дека никој ништо не прави, одлучив сам да го поправам патот. На 26 април ја санирав штетата, а на 10 мај добив парична казна - вели Трента.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот