X
 04.04.2017 Живот

Прогноза на времето за наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 4 април 2017 година, 94-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:07, а ќе зајде во 19:05 часот. Денот ќе трае 12 часа и 58 минути.



Ова утро во Македонија имаме многу потопло утро во однос на вчерашното, пред се поради облачноста која што ја имавме во текот на ноќта, како и во овие утрински часови, па така ова утро имаме претежно облачно и топло време. Во Охридско-Преспанскиот регион ова утро има врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време, а во југоисточните предели со повремени сончеви периоди. На планинските предели над 1800 метри постојат услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда и во четврток ќе продолжи умерено облачното и нестабилно време со локални врнежи од дожд и посвежо време со максиамлни температури кои ќе се движат од 10 до 20 степени. Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со температури кои ќе се движат од 8 до 18 степени, попладне во западните предели со услови за слаби врнежи од дожд. Во сабота стабилизација на времето, по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални 11 односно 21 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот