X
 28.07.2017 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме во последниот викенд од овој месец

Денес е петок, 28 јули 2017 година, 209-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:18, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 14 часа и 42 минути.

Ова утро во југозападните како и во северните и североисточните предели преовладува умерено облачно време, облачност која што во наредните часови ќе се намалува. Во останатите предели претежно сончево време со појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево и потопло време со благ пораст на дневните температури но и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер кој ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови претежно сончево со локална облачност, попладне намалување на облачноста и ќе преовладува претежно сончево, потопло и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота уште едно подпросечно студено утро со утрински температури од 9 до 18 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со максимални температури од 25 до 37 степени. Во недела и понеделник сончево и многу топло време со температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек. Утринските температури од 11 до 20 односно од 12 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. Сончево и топло време во Македонија ќе биде и во вторник со благо опаѓање на температури, утринските од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 27 до 38 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот