X
 26.02.2016 Образование

Приправнички стаж - Клуч за добивање вештини или искористување на работна сила?

Праксата е задолжителна на значаен дел од факултетите во Македонија, а истата се наоѓа од страна на факултетот, а почесто од страна на самите студенти. Но, потписот кој ја докажува практичната подготвеност на студентот поекогаш е само формалност. Многу студенти за време на праксата помагаат во работата со купување оброци и подготовка на кафе наместо да го применуваат теоретското знаење.


Студентите на Правниот факултет се соочуваат со дополнителен проблем. Нивната практична работа се посетува по завршувањето на студиите, а секоја пракса која ја добиваат за време на студирањето нема значење во поглед на полагањето на правосудниот испит.

Според законот, студентите кои студираат според Болоњската декларација треба да имаат најмалку 300 кредити според ЕКТС и работно искуство од најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, државен правобранител, народен правобранител, адвокат, нотар и извршител, односно работно искуство од најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица и здруженија на граѓани.

Дали се потребни една или две години пракса за добивање практични вештини?

Во зависност од органот каде се извршува праксата, студентите може да ги добијат потребните вештини за успешна адвокатска работа или да не научат ништо. Некои приправници сметаат дека времетраењето на праксата е предолго.

- 60% - 70% од студентите кои завршуваат правен факултет се способни да работатво склоп на правосудни органи по поминати 3-6 месеци на стажирање во истите, останатите 6 месеци а некаде и повеке се продолжен период во кој се одзема честа и задоволството од тоа да се биде правник и да се работи во дел од правосудниот систем, затоа што тоа е најчесто периодот во кој пооголемиот дел од нас работат без надомест или со минимален надомест со кој не може човек ни да ги задоволи основните човекови потреби, а искористувањето на интелектуалниот труд и наобразба во секој случај нормално си продолжува со поголем степен на искористеност од почетокот - ни пишува поранешен приправник.

Еден адвокат од Скопје смета дека адвокатските вештини се добиваат дури откако ќе се започне со вистинската работа. Праксата, вели тој, не им ги дава на дипломците бараните вештини за работа, туку само им го губи времето кое може да се искористи за учење на вистинската работа.

Адвокатот, кој побара да остане анонимен, додава и дека тие вештини не се учат ниту на факултетот.

- Она што се учи на факултет е теоретско знаење кое нема никакво значење бидејќи законите се менуваат постојано. Јас, после децении работа, уште учам. Ама, главните вештини за работа со клиенти сум ги научил само со работа - вели тој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование