X
 28.02.2016 Образование

Таблети, компјутери и медиумски центри - Што вклучуваат новите училишта?

Доколку сте тинејџер и вашиот компјутер не се вклучува, можеби треба да се подготвите за скапа поправка. Но, ако компјутер не се вклучува во средното училиште „Френклин“ во САД, можеби него ќе го поправи соученик за неколку минути и бесплатно. Тоа е бидејќи училишната библиотека има сервис за поправање технолошки уреди кој е одржуван од ученици.


Пред само една деценија, училиштата имале слаби интернет-конекции и стари компјутери, но сега, новите училишта се технолошки потковани. Професорите ја внесуваат технологијата во наставата.

Основното училиште „Angier“ во Њутон, кое било отворено минатиот месец, има безжични проектори и лаптопи и таблети во секоја училница, вклучувајќи ја и градинката. Насекаде низ САД се отвораат основни училишта кои чинат милиони во кои се користат најновите технологии.


Новите училишта се повеќе фокусирани на уметностите и во нив има сали, телевизори и студија за снимање, како и соби за вежбање.

Тина Станисласки, архитект од Кембриџ која дизајнира милионско средно училиште во Винтроп, вели дека училиштата ги напуштаат традиционалните библиотеки и прават медиумски центри наместо нив. Трендот е предизвикан од замената на книгите со електронски читачи и користењето компјутери и таблети од страна на учениците, пишува „Бостон глоуб“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование