X
 09.01.2017 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 9 јануари 2017 година, 9-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:26 часот. Денот ќе трае 9 часа и 31 минути.

Новата работна седмица ја започнуваме со уште едно поларно утро. Умерено облачно и доста студено е ова утро во Македонија, умерено облачно со сончеви периоди е во западните централните и југоисточните предели. Поради ниските утрински температури постојат услови за појава на умерен мраз и голомразица, затоа бидете внимателни кога се движите.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро, во Македонија во текот на денот умерено облачно време со услови за повремени и кратки сончеви периоди, студено и ветровито. Попладне и во вечерните часови локално постојат услови за провејување на слаб снег, станува збор за сосема слаби врнежи. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните температури ќе бележат благ пораст во однос на вчерашните и ќе се движат од -13 до -3 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено време. Попладне со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -12 степени, а максималната дневна до -7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
–Во вторник претежно облачно и студено време, со услови за сосема слаби врнежи од снег кои што нема да предизвикаат проблеми, особено во патниот сообраќај. Минималните од -18 до -7, додека пак максималните од -12 до -2 степени. Во среда, четврток и петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и благ пораст на дневните температури. Во среда утринските од -16 до -6, а дневните од -10 до 0 степени, четврток минимални од -16 до -7 степени и максимални од -6 до 4 степени, додека пак во петок утринските од -14 до -5 степени, а пак максималните дневни од -4 до 6 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот