X
 08.03.2016 Култура

Буда за критичкото размислување: Не одете кон она што било научено со повеќекратно слушање

Две милениуми пред Карл Сејган да го напише својот „водич“ за критичко размислување, друг гениј сторил нешто слично.


Сидарта Гаутама, подобро познат како Буда, ги формулирал правилата за критичко размислување како одговор на прашање од страна на клан наречен Калама, кој бил составен од жителите на мало село наречено Кесапута, кое го видел Буда додека патувал низ источна Индија.

Луѓето го прашале Буда како може да препознаат кому да веруваат од сите луѓе кои поминуваат на нивната земја и од нив бараат да станат верници во нивната религија. Буда им покажал дека никому не треба да веруваат слепо и дека треба критички да ги гледаат сите тие луѓе.

„Не одете кон она што било научено со повеќекратно слушање; ниту кон традицијата; ниту кон гласините; ниту кон она што е напишано на камен; ниту на молитва; ниту кон аксиома; ниту кон привидно размислување; ниту кон пристрасност кон нешто за кое се размислувало; ниту кон нечија вештина; ниту кон вниманието, 'Монахот е наш учител'.

Но кога вие самите ќе знаете: „Овие нешта се добри; овие нешта не се обвинуваат, оние нешта водат до бенефит и среќа“, влезете и останете во нив.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура