X
 09.03.2016 Живот

Временска прогноза за наредните денови: Во петок и сабота преодна стабилизација, од недела пад на температурите



Во Македонија среда ќе биде умерено облачно. Претпладне во југозападните, западните и северозападните предели се очекуваат сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер, само во југоисточните предели ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринските температури од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со услови за сончеви периоди претпладне. Попладне зголемување на облачноста која во вечерните часови може да услови врнежи од дожд. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток под влијание на циклонска циркулација ќе биде облачно со врнежи од дожд, над 1200 метри со врнежи од снег. Максималните температури од 4 до 13 степени. Во петок и сабота преодна стабилизација на времето и пораст на максималните температури кои ќе се движат од 7 до 16 степени. Од недела се очекува нов бран на врнежи и пад на дневните температури кои ќе се движат од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот