X
 18.02.2016 Живот

Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?



Во Македонија во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и топло време. Во утринските часови услови за врнежи ќе има во западните и југозападните предели, а во претпладневните часови можност за врнежи од дожд ќе има и во останатите предели. Треба да се напомене дека се работи за сосема слаби и локални врнежи. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури идентични на денешните и ќе се движат од 5 до 12 степени, додека пак максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 10 до 19 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно облачно и посвежо. Во претпладневните часови постојат услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 16 степени.

Во Македонија во петок претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди. Максималните температури од 12 до 21 степени. Во сабота претпладне претежно сончево попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд. Температурите од 8 до 17 степени. Во недела и понеделник не очекуваат доста постудени утра кога утринската температура ќе се спушти и под нулата, но во текот на денот сончево и многу топло. Максималните температури од 9 до 18 односно од 11 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот