X
 11.03.2016 Живот

Оправдувања кои можете да ги искористите кога ќе паднете на испит

ispit

 

Една од најтешките работи во животот е пренесувањето на лоши вести. Најтешко е некому да му кажете дека го/ја оставате, дека некој е болен или дека нешто лошо се случило. Токму во оваа категорија спаѓа и моментот кога морате да им кажете на родителите дека сте паднале на испитите/колоквиумите или уште полошо, дека сте пишале квадрат.


Реченицата: „Мама пишав квадрат/паднав на испитите“ е секогаш иста. Она што следува пак, секогаш е различно. Ова се неколку оправдувања кои можете да им ги кажете на родителите кога ќе бидете во ваква ситуација.

1. Здра/а и жив/а да сум, така?

2. Не можев да одам на испити бидејќи не живеев в центар. Ако живеам в центар ќе има подобри резултати.

3. Професорите ме мразат. Да, сите.

4. Ги паднав овие испити, но најважно е што ја поминав скитничката школа мајко.

5. Ми се случи криза на идентитетот. Кој сум јас? Кои сме ние? Зошто сум тука? Кој факултет?

6. Ми се поклопија предавањата со седењето на каучот и играњето покер.

7. Имам тумор. Се шегувам, немам. Гледаш, има полоши работи во животот.

8. Глупав/а сум и мрзелив/а, а вие ме направивте таков/таква, такашто вие сте виновни. Фала ви многу.

9. Не го гледајте ова како проблем, туку како предизвик.

10. Ви реков дека не сум за факултет, но не вие настојувавте, ќе одиш на факултет, ќе бидеш доктор. Ете ви сега.

11. Ни тато не заврши факултет, па гледај го. На боледување е во државна фирма веќе 3 години, малку во кафана, малку низ дома. Малите работи се важни во животот.

12. Не верувам во институционалното образование.

13. А зошто да учам кога и онака нема работа.

14. Ова е вредно животно искуство кое секогаш ќе ми биде од корист. Го нема ова во книгите.

15. Знам дека звучи лошо, но сите ќе се смееме еден ден на сето ова. Ете, веќе е малку смешно.

16. Мене сега ми е полошо од вас.

17. Дипломата и онака е само парче хартија.

18. А Стив Џобс? А Бил Гејтс? Тие исто така не завршија факултет. Добро, тие имаа генијални идеи, но можеби и јас нешто да измислам ако имам поддршка, а не обвинувања.

19. На крајот на краиштата, се` е тоа среќа.

20. Ме фатија првата недела без карта во возот. Знаеш каква срамота ме фати, па ми беше страв и срам да одам до на факултет, па ете ги последиците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот