X
 30.03.2016 Образование

181 студент денес станаа дипломци или магистри на ФИНКИ

Денес (30.03.16), во Драмскиот театар беше одржана церемонија за доделување на дипломи на магистрите и дипломците од оваа година кои ги завршите своите студии на ФИНКИ.


Д-р Иван Чорбев, деканот на факултетот, им се обрати на студентите и на дипломците на почетокот од церемонијата.

- Вашата иднина е секако светла. Вие сте сега наоружани со знаење и со најдобрата диплома за информатика во нашата земја. Запознавте одлични колеги, бевте обучувани од експерти, ја заработивте поддршката од факултет кој ќе стои покрај вас низ целата ваша кариера. Се надевам дека ве опремивме со знаење, визија и самодоверба. Но, во овој динамичен свет и во нашата професија знаењето брзо станува застарено и затоа е потребно да се учи постојано и да се креира ново знаење. Знаењето е единствено богатство кое никој не може да ви го одземе.



Тој им се заблагодари и на студентските организации преку кои студентите на ФИНКИ организирале повеќе настани во текот на изминатите години.

Инаку, оваа година на ФИНКИ биле запишани 600 нови студенти, со кои се добива бројката од вкупно 4.000 студенти на факултетот.

Денес, дипломи им беа доделени на 181 студенти. 40 студенти беа пофалени и наградени за нивниот просек над 9,5.



Компаниите: Cosmic development, S&T, 6 PM и AMC дoделијa 20 тaблети зa нaјдoбрите текoвни студенти. „Seavus“ награди тројца студенти кои ја завршиле третата година со просек 10.00 со учество на меѓународна конфернција и ваучер за обуки во компанијата.

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска им ги додели признанијата и наградите на студентите со најдобар просек.



Здружението ЕТАИ додели парични награди на двајца дипломци чии дипломски работи беа прогласени како најдобри.

Деканот на Технолошко-Металуршкиот факултет, д-р Јон Магдески принесе подарок за факултетот - симбол на вечноста, „за факултетот да биде вечен“, како што изјави тој.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование