X
 11.04.2016 Образование

Зошто вработените во Гугл ги испраќаат своите деца во училиште без компјутери?

Во срцето на Силициумската долина во Калифорнија се наоѓа училиште во кое учат речиси сите деца на вработените во компаниите како „Гугл“, „Епл“ и „Јаху“. Меѓутоа, иако се наоѓа во дигиталниот центар на САД, во тоа училиште не постои ниту еден паметен телефон или било кој друг екран. Наместо тоа, наставниците во „Waldrof school of the Peninsula“ претпочитаат поинаков пристап кон учењето, и тоа преку искуства.


Педагогијата на училиштето ја нагласува улогата на имагинацијата во учењето и зазема холистички пристап кој интегрира интелектуален, практичен и креативен развој на ученикот.

Меѓутоа, фактот дека родителите кои работат за најсилните технолошки компании ја доведува во прашање вредноста на компјутерите во образованието и го наметнува прашањето: Дали футуристичкиот сон за високотехнолошки училници навистина е во најдобар интерес на новите генерации?



Глобалниот извештај на ОЕЦД покажува дека образовните системи кои вложуваат во компјутерска опрема „не забележиле посебно подобрување“ на резултатите од тестовите на ПИСА за читање, математика и наука. Најдобрите образовни системи, како оние во источна Азија се внимателни во врска со употребата на технологијата во своите училници, се наведува во извештајот.

Во училниците на училиштата „Waldrof“ децата се поттикнуваат да учат преку уметничко истражување и разни активности како сликање, цртање, наместо учење информации од компјутер. Тој креативен пристап во образованието ги оживува лекциите, па е многу поефикасен од покажувањето слики и текст на екранот.



Учителите од ова училиште наведуваат дека она на што луѓето најмногу се сеќаваат од училиштето се излетите, експериментите или преубавите приказни. Тоа се работи кои остануваат со вас и 50 години подоцна.

Овие училници се осмислени така што учениците се чувствуваат опуштено и удобно со природни дрвени столици и растенија околу нив. Идејата е да се отстранат влијанијата на компјутерите и да се поттикне посилен ангажман меѓу учителот и ученикот во текот на лекциите.

Згора на тоа, децата таму учат вештини за иновативно размислување какви што бараат многу работодавци. Учениците пораснати со технологијата честопати немаат способност за пошироко размислување и решавање проблеми.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование