X
 15.06.2016 Живот

Како изгледа летањето директно над вулкан?

Роберта Манчино снимила навистина уникатно промотивно видео за „GoPro“. Во него, таа прелетува над еден од најактивните вулкани во Чиле, Виларика, пренесува „The Metro“.


Таа се занимава со овој екстремен спорт со години. На почетокот на видеото може да се виде дека таа се наоѓа во хелкоптер кој кружи околу вулканот. Потоа, таа скокнува во својот летечки костум и некое време само лебди над вулканот.

Откако го прелетала вулканот, таа го активирала падобранот и се спуштила. Во овој подвиг ѝ се придружиле уште двајца скокачи.

„Почувствувавме топлина, турбуленција и мирис на чад“, напишала Манчино на својот профил на „Facebook“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот