X
 28.06.2016 Образование

Македонија доби нов УНИВЕРЗИТЕТ



Собранието денес го изгласа Законот за основање на Универзитет за национална, одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ - Скопје. Законот беше поддржан од 67 пратеници, а 6 пратеници гласаа против.

Пратениците на Владата велат дека со овој Универзитет студентите ќе имаат можност плус да направат избор каде ќе студираат, а Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски изјави дека идејата за основање на овој Универзитет е да се зголеми квалитетот на високото образование.

Универзитетот треба да започне да работи од учебната 2016/2017 година, а наставата ќе се изведува на англиски јазик со ангажирани професори од странство, а предвидено е да има 9 факултети и 2 института.

„Ангажирани се, пред се', професори од странство, а наставата во најголем дел ќе се изведува на англиски јазик и нема да има големи и масовни квоти за запишување. Интенцијата е да се фокусира во насока на зголемување на квалитетот, а не на хиперпродукција на дипломирани студенти“ - рече заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Предлог-законот за Универзитетот беше повлечен, меѓутоа вчера беше вратен во Собранието и проширен со уште три факултети - економски, градежен и архитектонски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование