X
 08.07.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Од наредна недела температури над 40 степени



Денес е петок, 8 јули 2016 година, 190-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:02, а ќе зајде во 20:13 часот. Денот ќе трае 15 часа и 11 минути.

Сончево но свежо утро имаме денеска во Македонија. Под влијание на поле на висок воздушен притисок ова утро над Македонија е ведро без облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес посвежо утро со утрински температури кои се движат во интервал од 7 до 18 степени. Во текот на денот сончево и потопло, со максимални температури кои ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес по свежото утро во текот на денот сончево и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 31 степен. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови во Македонија ќе биде сончево и се потопло со пораст на температурите кој ќе го достигнат и надминат просекот за овој период од годината. Во сабота не очекуваат температури кои ќе се движат од 26 до 37 степени, а во недела тие ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Дополнителен пораст на температурата се очекува во понеделник и вторник, кога дневните температури ќе се движат од 29 до 39 степени, односно од 30 до 40 степени во вторник.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот