X
 03.08.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Денес е среда, 3 август 2016 година, 216-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:25, а ќе зајде во 19:52 часот. Денот ќе трае 14 часа и 18 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно сончево и топло време. Во северозападните предели и дел од западните предели имаме појава на облачност која нема да услови врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА - Македонија денес ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што ќе условува претежно сончево време со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Поради северното воздушно струење температурите ќе бележат благо опаѓање, утринските ќе се движат од 11 до 21 степен, додека пак максималните температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна маса од југ што ќе условува сончево и многу топло време. Во четврток, петок и сабота сончево и се потопло со пораст на температурите. Во четврток од 27 до 37 степени, во петок од 29 до39 а во сабота од 30 до 39 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло време со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 28 до37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот