X
 05.06.2015 Живот

Какво време не` очекува овој викенд?



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Попладне услови за поинтензивни врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели каде локално може да наврнат и до 15 литри дожд. Врнежите ќе бидат пропратени со доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер.

Минималните температури од 9 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. УВ индекс 3

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, посвежо и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота и недела ќе се задржи претежно сончево време со локална облачност. Во сабота во попладневните часови услови за врнежи од дожд ќе има во југозападните предели. Максималните температури од 21 до 33 степени. Во понеделник ќе биде претежно облачно и суво, без врнежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 29 степени.

Во вторник во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 7 до 17 степени, а максималните од 22 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот