X
 05.08.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува на почетокот на наредната недела?

Денес е петок, 5 август 2016 година, 218-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:27, а ќе зајде во 19:50 часот. Денот ќе трае 14 часа и 23 минути.

Сончево и топло утро имаме денеска во Македонија. Насекаде над Македонија небото е ведро.

МАКЕДОНИЈА
- Во Македонија пред нас е уште еден топол летен ден. Ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 12 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота прежно сончево и топло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со услови за врнежи од дожд а можни се и врнежи од град. Максималните температури од 27 до 38 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и благ пад на температурите кои ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. Во понеделни умерено облачно со сончеви периоди, додека пак попладне во северозападните, западните и југозападните предели со услови за врнежи од дожд и температури кои ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени. Во вторник умерено облачно со сончеви периоди и благ пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 26 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот