X
 22.10.2016 Култура

Магазинот Vogue за Македонија: Неодминлива дестинација на добрата храна



Св. Јован Канео


„За Македонија, најверојатно, сте чуле попатно, како една од државите на поранешна Југославија, преку која минувате на патот кон попознатите и попривлечни јадрански држави, Хрватска и Црна Гора.

Посетителите од запад немаа многу можности да ја посетуваат Македонија во раните деведесетти години, заради воените конфликти во соседните земји, поради што денес особено жалат, пред сè заради посебната убавина на оваа земја, нејзините жители кои се едни од најгостпримливите народи во светот, а најмногу заради храната што би можела да задоволи сечиј вкус. Независно кое место ќе го одберете, храната секаде ја подготвуваат со многу љубов и страст. Најмногу се внимава на квалитетот, што ќе рече – сè е органско и природно, без адитиви и конзерванси, како што сме навинати ние на Запад.

Поради тоа, македонската кујна совршено се согласува со познатиот концепт Slow Food на истоимената организација формирана во осумдесеттите години од страна на Карло Петрини. Оваа непрофитна организација беше создадена со цел зачувување и истакнување на регионалните и локалните кујни во светот. Идејата е следна: да се поттикне одржливоста и земјоделството, да се промовираат локални бизниси, да се уважува наследството и да се едуцираат корисниците за штетноста од пестицидите и брзата храна. Можеби организацијата е релативно нова, но не и концептот, особено во Македонија.


Македонски јадења

- Кога се зборува за бавна храна, се мисли на нормалниот живот на секој Македонец. Не станува збор само за храната, туку и за животот на луѓето тука и нивната преданост на традицијата, вели Тефик Тефикоски, основачот на македонската „подружница“ на Slow Food и сопственик на хотелот Туто во Јанче.

Тефик, или познат по надимакот Туто, израснал во Маврово, регион познат по производството на сирење и кашкавал и одгледувањето зеленчук. Од мајка си и баба си ги научил домашните готвачки рецепти, каков што е ајварот – производ од црвени бабури (пиперки познати и како ајварки), што всушност претставува национален бренд. За него, бавната храна биле неговиот живот и неговото детство, а не животна мисија. Барем не до моментот кога на своја дваесетиедногодишна возраст заминал на печалба во Италија, изгонет од нискиот стандард и невработеноста во својата земја. Тогаш сфатил колку е посебна домашната кујна.

- Дваесетгодишното работно искуство во Италија многу ми значи. Во 2006 година се вратив во родниот крај, и особено им се израдував на недопрената убавина и нашата посебна кујна. Благодарение на животот во странство, стекнав искуство што ме охрабри да отворам сопствен хотел, да се впуштам во алтернативниот туризам и да почнам наше поглавје на Slow Food во селото Јанче“, вели Туто.


Македонска трпеза


За негова среќа, лесно успеа да ги убеди Италијанците со кои соработуваше дека неговата татковина има уникатна кујна. На своите пријатели им приготвуваше традиционални оброци, како пинџур (мезе од домати, модри патлиџани, лук, сол и бибер) и кифли (пециво). Кога се врати дома, со себе поведе многу другари од Италија, за да им покаже од каде потекнува храната во која се заљубија.

Откако ја создаде „подружницата“ на Slow Food во Јанче, Туто ги повика сите земјоделци од Македонија да му се придружат во движењето. Еден од нив е и Нацо Јовчевски од селото Дихово, кој се занимава со пчеларство и производство на мед. Откако му се придружи, Нацо со задоволство кажува дека на овој начин повеќе се расчу за неговата дејност, во национални и интернационални рамки (...)“

Останатите приказни на нашите вешти сограѓани, изворно можете да ги прочитате на следниов линк.        
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура