X
 10.11.2016 Технологија

Кои се најпопуларните веб страни во светот?

Се проценува дека 3.5 милијарди луѓе користат интернет на годишно ниво, а пристапот до интернет стана толку суштинско значење што може да влијае врз квалитетот на животот на една личност.

 

мапа


Постои богатство на информации за тоа кои земји го имаат најбрзиот безжичен интернет (Јужна Кореја) и земјите кои имаат најмногу веб цензура (Северна Кореја). Но, кога станува збор за најпопуларните веб страни еве како стојат работите.

Гигантскиот веб пребарувач „Google“ е најпопуларната веб страна во светот: од Шри Ланка, Зимбабве, Тајланд, Турција, па се' до Велика Британија, оваа веб страна е најомилената меѓу граѓаните на овие земји.

Интересно е тоа што Казахстан, Грузија, Камбоџа и Алжир најмногу го користат „YouTube“.

Најомилената веб страна меѓу Русите е социјалната мрежа „VK“, иако Путин е прилично строг кога станува збор за цензурата. Така, минатата година се закани дека ќе ја блокира „Wikipedia“.

Во меѓувреме, Малта се чини дека е заљубена во весникот „Times of Malta“, а истото важи и за Палестина со „Alwatan Voice“ и Албанија со „Gazeta Express“.

Омилениот домен во Кина е пребарувачот „Baidu“ додека за Виетнам најомилен е „CocCoc“.

На мапата голем дел од земјите се обележани со црно бидејќи „Alexa“ не располагаше со податоци за истите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија