X
 16.03.2023 Живот

Колку се „зелени“ вашите финансии?

Не е новина дека светот се соочува со еколошка криза - а со тоа се јавува и итната потреба да се развијат здрави и одговорни животни навики. Но, што е со нашите финансии? Дали нашите финансиски навики имаат влијание врз животната средина?

Одговорот е да: нашите финансиски одлуки имаат влијание врз животната средина. Од производите што ги купуваме до инвестициите што ги правиме, нашите избори можат или да ја подобрат или да ја загрозат животната средина.

Дали знаете дека парите што ги чувате во банка, односно вашата заштеда, платата што ја чувате на вашата трансакциска сметка, или пак провизиите што ги плаќате, банката ги користи за да инвестира? Тоа е добро сѐ додека вашите средства се инвестираат во општествено одговорни сектори и проекти. Но, некои од банките не секогаш се водат по овие принципи, па неретко вашите пари може да завршат инвестирани во сектори кои се во судир со вашите убедувања (сектори кои загадуваат и ѝ штетат на животната средина, сектори кои не влијаат позитивно врз општествениот развој, како казина и обложувалници итн.), бидејќи истите се сектори кои носат висок профит.

Секојдневно возите велосипед одејќи накај работа затоа што сакате да го намалите загадувањето од автомобилите? Но, што ако вашата банка ги инвестира вашите заштеди, на пример, во компанија која не води сметка за унапредување на еколошките стандарди и со своето работење активно придонесува за загадување на воздухот кој до дишите? Зарем тоа не е во судир со вашите лични интереси и заложби?

Ова е само еден пример зошто треба да преземете контрола врз она што се случува со вашите финансии!

Што може да направите?

Прашајте ја вашата банка во кои сектори се инвестираат вашите заштеди. Ако овие сектори не се во согласност со вашите убедувања, започнете соработка со друга банка. Одберете банка-партнер која инвестира во компании кои работат одржливо и кои придонесуваат кон развој на локалната економија.

Разгледајте кои банки имаат високи стандарди за животна средина, инклузивност, општествена одговорност и управување (ESG), кои нема да ги инвестираат вашите пари во сектори кои се штетни за животната средина и воопшто за квалитетот на животот на луѓето. Изберете зелени банки кои нудат стимулации за зелени практики, како што се користење обновливи извори на енергија.

Одвојте мал дел од вашето време за да ги проверите информациите што се обезбедени за банката која ве интересира. Ако тие тврдат дека се „зелени”, обидете се да дознаете во кои сектори инвестираат. Можеби ќе најдете информации за стандардите за животна средина и воопшто ESG управувањето на банките преку нивните годишни нефинансиски извештаи кои во развиените земји се законски задолжителни форми на репортирање.

Дали сѐ уште преферирате традиционални начини на плаќање или користите дигитално банкарство? Колку повеќе користите дигитални услуги, толку помалку хартија ќе биде потрошена за исполнување на вашите обврски.

Трендот на одржливо и одговорно работење, полека, но сигурно се пресликува во сите сфери на нашето општество. Не само поради влијанието на новите правила и регулативи, туку и поради фактот што сè повеќе млади, но и постари генерации стануваат свесни за влијанието што го имаат со секоја одлука. Иако во моментов многу малку компании известуваат, но и се однесуваат на овој начин, во блиска иднина позитивните практики ќе го заземат приматот. А дотогаш, одберете банка која се грижи за вас, за општеството и воопшто за животната средина!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот