X
 16.06.2023 Живот

Оддалечен ирски остров ќе ви плати 30.000 евра за да се преселите таму, но постои услов

Ако некогаш сте сонувале да оставите сè и да живеете на оддалечен остров, сега можеби е вашата шанса.

Ирска започна шема со која ќе се исплатат дарежливи парични стимулации на луѓето кои ќе изберат да се преселат во една од офшор-заедниците на нацијата.

Иницијативата е дел од политиката на земјата „Нашите живи острови“, преку која ирската влада има за цел да го зголеми населението на островите во Ирска.

- Целта на оваа политика е да се осигура дека одржливите, енергични заедници можат да продолжат да живеат и да напредуваат на морските острови уште многу години - велат од владата.

Звучи како идеално бегство, но има неколку одредби за кои треба да се знае.

Како да добиете пари за да се преселите на остров во Ирска?

Шемата „Нашите живи острови“ им помага на заедниците на 30 острови кои не се поврзани со копното со мостови и се отсечени од плимата и осеката.

Како дел од проектот, владата на Ирска ќе им плати над 80.000 евра на новите жители на заедниците.

Сепак, нема веднаш да добиете пријатна островска куќа и банкарски депозит. Паричните грантови се нудат како начин за спасување и обновување на зголемениот број на напуштени и трошни имоти на островите. Но, има неколку предупредувања за добивање на пари.

Потенцијалните жители треба да купат и да поседуваат имот на еден од островите. Зградата мора да била изградена пред 1993 година и да била празна најмалку две години.

Исто така, постојат правила во врска со користењето на веднаш доделената готовина. Парите може да се искористат за градежни работи како што се поставување изолација, структурни подобрувања и преуредување.

irska
Фото: Freepik

Ако ги поминете сите потребни документации и работи, би можеле да барате до 84.000 евра за да спасите имот од пропаст и да го трансформирате во куќата од вашите соништа.

Грантовите „Нашите живи острови“ се продолжување на шемата која веќе постои на копното на Ирска наречена „Крои Конаите“.

Но, сумите што се нудат за изградба на куќа на еден од островите во Ирска се повисоки за да се покријат зголемените трошоци што доаѓаат со помалку развиената инфраструктура.

Ако сакате да живеете изолиран живот на диви острови, апликациите ќе бидат достапни од 1 јули. Локалните власти на островите малку се разликуваат во нивните политики, па дознајте повеќе на веб-страницата „Нашите живи острови“.

Добијте пари за да се преселите во Европа


И неколку други заедници низ Европа започнаа шеми за привлекување нови жители.

Особено во Италија и Шпанија, руралните градови и села користат парични стимулации за да го зголемат своето намалено население.

Планинскиот град Понга во северозападна Шпанија ќе им плати на Британците по 2.971 евра за да се преселат таму.

Градот Пресиче-Акварика во јужниот италијански регион Пуља ќе им плати на новите жители до 30.000 евра за да се преселат таму.

Извор: Euronews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот