Поминаа 10 години откако Стив Џобс го презентираше „iPhone“

Се навршуваат десет години од денот кога Стив Џобс го презентираше „iPhone“ во Сан Франциско. Тоа стана еден од најважните моменти во историјата на „Apple“ кога Џобс го презентираше уредот како да се работи за три одделни продукти : „iPod“ со широк екран и сензори, револуционерен мобилен телефон и уред за интернет комуникација.

Компанијата започна со продажба на уредот шест месеци подоцна, а по една деценија, компанијата има продадено над 1 билион уреди ширум светот. Продажбата постојано расте на годишно ниво се до 2016 година кога смартфонот искуси пад во истата.

Сепак, „iPhone“ е најуспешниот производ на компанијата.

„Apple“ секоја година објавуваше новитети како што се :

-    2008 година : „App Store“ и 3G мрежна поддршка
-    2009 : Видео снимање и персонален „Hotspot“
-    2010 : „Retina“ дисплеј
-    2011 : „Siri“ и „iCloud“
-    2012 : 4 инчен екран, конектор и „LTE“
-    2013 : „Touch ID“
-    2014 : 4.7 инчен и 5.5 инчен екран
-    2015 : „3D Touch“, „Live Photos“ и 4K видео снимање
-    2016 : Водоотпорна и „dual-lens“ камера на „iPhone 7 Plus“   


2017 се очекува да биде многу важна година за „iPhone“, а се шират гласини дека новиот модел би вклучувал и „OLED“ дисплеј.

Се најавува дека можеби уредот ќе има „Touch ID“ копче вметнато на дисплејот. Според други гласини уредот би можел да има „wireless“ полнење, препознавање преку лице и зеница, како и вертикална „dual-lens“ камера со која ќе може да се додаваат 3Д фотографски ефекти.

 
Објавено на 10.01.2017
 
fakulteti.mk©2011 - 2017